Папата Фрањо моли за прекин на насилствата во Еквадор и мир во Мјанмар

Папата Фрањо моли за прекин на насилствата во Еквадор и мир во Мјанмар

По молитвата Ангел Господов на 3 октомври 2021 година, папата Фрањо се молеше за мртвите и ранетите во Еквадор, во насилствата што избија во затворот и за дарот на мир во Мјанмар. Ги спомна и новите блажени и ги охрабри да се моли света Бројаница овој месец, кој е посебно посветен на Пресвета Богородица.

Многу ме растажи она што се случи минатите денови во Гвајакил, Еквадор – рече папата Фрањо по молитвата Ангел Господов, осврнувајќи се на големото насилство што изби меѓу затворениците на ривалските банди, во кое загинаа повеќе од 100 луѓе, а многумина од нив се ранети. Папата ги вети своите молитви за сите нив и за нивните семејства и упати молитва до Бога да ни помогне да ги излечиме раните на злосторството што ги поробува најсиромашните. И нека им помогне на оние – додаде тој – кои работат секој ден за да го направат животот во затворите похуман.

Светиот Отец потоа се молеше за Мјанмар, азиска земја од која доаѓаат вести за злоставување и насилство. Сакам повторно да се молам на Бога за дарот на мир за саканата земја Мјанмар, рацете на оние што живеат во неа повеќе да не треба да ги бришат солзите на болката и смртта, туку да можат да се обединат за да ги надминат тешкотиите и да работа заедно за мир – рече Папата, кој потоа ги спомна новите блажени, Марија Антонија Сама и Гаетане Толомео, кои денес во Катанзар се подигнати во чест на олтарот. Овие две жени беа неподвижни во текот на целиот живот, но, поткрепени со божествената благодат, го прегрнаа крстот на својата болест, претворајќи ја болката во слава за Господ – рече папата Фрањо, а потоа ги охрабри сите верници да молат Света Бројаница, посебно во овој месец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот