Папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI се вакцинираа против коронавирусот

Папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI се вакцинираа против коронавирусот

Папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI ја примија вакцината против коронавирусот, објави во четврток 14 јануари директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.

„Како дел од програмата за вакцинација во државата Ватикан, папата Фрањо и почесниот папа  Бенедикт XVI ја примија првата доза на вакцината против ковид-19“ – рече Бруни како одговор на бројните прашања.

Папата Фрањо ја прими првата вакцина во среда, а почесниот папа Бенедикт XVI во четвртокот наутро, како дел од кампањата за вакцинација што започна во средата за околу 5.000 вработени во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот