Папата Фрањо и големиот имам Ал – Тајеб на ООН предложија формирање на Светски ден на братството

Папата Фрањо и големиот имам Ал – Тајеб на ООН предложија формирање на Светски ден на братството

Барањето е поднесено до Генералниот секретар на Обединетите нации, Антони Гутереш, во Њујорк, од страна на членовите на телото кое се занимава со остварување на целите наведени во Документот за човечко братство. Покрај специјалниот меѓународен ден посветен на човечкото братство, се предлага и светски состанок на врвот на оваа тема

Членовите на Вишиот одбор за постигнување на цели содржани во Документот за човечко братство за мир во светот и заеднички живот, кое го предводи кардиналот Ајусо Џизот и судијата Мухамед Абдул Салам, се сретнаа во Њујорк со Генералниот секретар Антониј Гутереш, и ја предадоа пораката на папата Фрањо и големиот имам на Ал – Азхар, Ахмед Ал – Тајеб. Во пораката, тие предлагаат 4 февруари да се прогласи за Светски ден на братството и бараат Обидинетите нации заедно со Светиот Престол и Ал – Азхар, да учествуваат во организацијата, и во блиска иднина да се организира состанок на светско нов посветен на човечкото братство.

Задоволство и соработка со Обидинетите нации

Генералниот секретар на Обидинетите нации Гутереш изрази задоволство и соработка за таа иницијатива, истакнувајќи ја важноста на работењето во служба на целото човештво. Освен тоа, го одреди Адам Диенг, кој е специјален советник на генералниот секретар на Обидинетите нации против говор на омраза и спречување геноцид, да биде  претставник на Обидинетите нации, да ги прати предложените активности и да соработува со Вишиот одбор.

Вишиот одбор формиран на 20 август оваа година со цел постигнување на целите кои се содржани во Документот за човечко братство, документ кој Папата Фрањо и големиот имам на Ал – Азар, Ахмед Ал – Тајеб го потпишаа во Абу Даби на 4 февруари годинава. Членовите на одборот се христијани, муслимани и Евреи, а со нив претседава Мигел Анхел Агусо Џизот, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот