Папата Фрањо и Бендикт XVI заедно при благословот на статуата на свети Архангел Михаил

Ватикан, 5.7.2013 /к.мк/ – Во присуство на Папата Фрањо, во петок наутро 5 јули на плоштадот пред Ватиканската управа свечено беше благословена статуата на свети Архангел Михаил, заштитник на Вселенската Црква и заштитник на градот – држава Ватикан. Непосредно пред започнувањето на церемонијата, на местото на благословување дојде и почесниот папата Бенедикт XVI, поканет од папата Фрањо, кој беше поздравен од сите присутни. Двајцата срдечно се прегрнаа и останаа еден до друг за време на церемонијата, седнати на две фотелји пред споменикот.

На почетокот на церемонијата краток поздравен говор упати кардинал Џузепе Берт, претседател на Управата, а потоа говореше кардинал Џовани Лајош, кој го појасни значењето на новата статуа.

При осветувањето на статуата Папата Фрањо ги довери на Свети Јосиф очекувањата и надежите на Црквата и упати молитва кон Архангел Михаил да бдее над Апостолското седиште и да ја брани Црквата од опасностите, кои се закануваат за нејзиниот мир и да ги направи луѓето силни против искушенијата на власта и богатството.

„Ѓаволот се обидува секогаш да го нагрди ликот на Архангелот и човечкиот лик – истакна папата Фрањо – Бог е посилен; Негова е победата и спасението, кое му е понудено на секој човек. Не сме сами на патот и искушенијата на животот, бидејќи сме придружени и поддржани од Божјите ангели, кој не закрилуваат со нивните крилја и ни помагаат да ги надминеме мноштвото опасности. Го посветувам градот-држава Ватикан на свети Архангел Михаил, го молиме да го заштити од лукавиот и да го држи подалеку од нашиот живот.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<