Папата Фрањо: Исус се моли за нас, покажувајќи му ги раните на Отецот

Во средиште на денешната хомилија е текстот од Евангелието според кој Исус цела ноќ бдеел во молитва пред да ги избере дванаесетте Апостоли (Лк 6,12-19). „Исус ја средува својата екипа и веднаш потоа го опкружува мноштво луѓе, кои доаѓаат за да го слушаат и за да бидат оздравени, бидејќи од Него излегува сила која сите ги оздравува“ (Лк 6,17-19). Овие се „три Исусови односи“ – Исус во односот со Отецот, Исус во односот со Апостолите и Исус со сите останати луѓе.

Исус го молеше Отецот за Апостолите и за мноштвото. Меѓутоа и денес моли: Тој е застапник, Оној кој моли; Го моли Господ со нас и пред нас. Исус нè спаси: ја измоли големата молитва, својата жртва, својот живот како би нè спасил и оправдал: праведни сме благодарение на Него. А сега отиде и моли. Но, дали е Исус дух? Исус не е дух! Исус е личност, човек, со тело како нашето, меѓутоа во слава. Исус има рани на рацете, на нозете, на ребрата, а кога моли Му ја покажува на Отецот таа цена за оправдание, и моли за нас, како да говори: Оче, да не се изгубат.“

Исус е „глава на нашите молитви“, бидејќи Тој прв моли, како наш брат и како „човек како нас“ нè застапува: Во прво време Тој го доврши откупението, сите нас нè оправда. Но, што прави сега? Посредува, моли за нас. Мислам на тоа што Петар чувствуваше кога се откажа од Него, Исус го погледна, а тој заплака. Почувствува дека е вистина она што Исус го рече: Тој молеше за него и затоа Петар можеше да плаче, можеше да се покае (Лк 22,32.61-62). Ние често едни на други говориме: „Моли за мене… бидејќи ми треба, имам многу проблеми, има многу причини: моли за мене“. И тоа е добро, зарем не? Бидејќи ние како браќа мораме да молиме едни за други.

Папата ѐ поттикнува да прашаме: „Моли за мене, Господи: Ти си посредник“. Тој моли за мене. Тој храбро моли за сите, бидејќи на Отецот му ја покажува цената за нашето оправдание; своите рани. Да размислуваме често за тоа и да му благодариме на Бог. Да му благодариме што имаме брат, кој моли со нас и за нас. И да разговараме со Исус, велејќи му: „Господи, Ти си посредник, Ти ме спаси, ме поравда. А сега моли за мене“ Да му ги довериме своите проблеми, животот, своите големи тешкотии да му ги предадеме на Него, тој нека ги пренесе на Отецот.“

Извор: РВ/ Прведо: С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот