Папата Фрањо испрати порака до римската еврејска заедница за празникот Пасха

Папата Фрањо испрати порака до римската еврејска заедница за празникот Пасха

Папата Фрањо испрати порака до римската еврејска заедница за празникот Пасха, нагласувајќи ја желбата да се продлабочат „пријателските врски и завземањето за  оние што се во потреба, особено во овие моменти на искушение“.

Во пораката до главниот римски рабин Рикардо Ди Сегни Папата посака „Семоќниот, кој го изнесе својот сакан народ од ропство и ги одведе во ветената земја, и денес да ги следи со полнина на својот благослов“.

Рабинот Ди Сегни ги возврати честитките, истакнувајќи дека овогодинешниот Велигден ќе биде различен поради пандемијата на коронавирусот, која со себе носи тага, страв, економски и социјални проблеми. Му порача на Папата „сите напорно да работат за да помогнат, да утешувааат и да го молат нашиот Творец за помош“. „Токму во овие моменти може конкретно да ги видиме вредностите што се заеднички на нашите религии и колку е неопходно заеднички да се работи за општо добро“, истакна рабинот Ди Сегни.

Папата Фрањо во јануари 2016 година како трет Папа на новото време ја посети синагогата на брегот на Тибер.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот