Папата Фрањо: Исповедникот треба да биде брат, татко, утешител

Папата Фрањо: Исповедникот треба да биде брат, татко, утешител

Секој од нас е грешник на кој му е простено, предодреден за служење на другите, во светата Тајна Помирување за да можеме да ја сретнеме онаа љубов која го восихити и го промени нашиот живот. Една е од мислите од говорот на папата Фрањо до учесниците на курсот на Внатрешниот суд во организација на Апостолската канцеларија за покајание. Бидете браќа и татковци – ги поттикн Папата исповедниците.

Во исповедалницата се среќава зракот на милосната љубов која срцето од камен го менува во срце од месо, која ја остварува промената благодарение на милосрдието и препуштање во прегратката на таа љубов – со тие зборови папата Фрањо ја оцрта силата на светата Тајна Помирување, зборувајќи им на учесниците на 31. Курс на Внатрешниот суд кој во организација на Апостолската канцеларија за покајание се одржува онлајн од 8 март, а на кој учествуваат 870 клерици. Курсот се одржува токму во време на Великиот пост, во време на пустината – како што рече Светиот Отец – време на преобраќање, покора и прифаќање на милосрдието.

Во љубовта која преобразува постои „вежбална“ која треба да се посетува – истакна Папата, а тоа е љубовта кон другите. Таму можеме „со можна љубов“ да одговориме на Божјата љубов и на неговото милосрдие. Оној кој Љубовта го прифатила тој не може да не го прифати братот. Кој се препуштил на Љубовта, не може да не ги теши ожалостените. Кому Бог му простил, не може да не им прости на браќата од срце – истакна Папата.

Три изрази се кои Папата ги истакна во своето рамзислување. Првиот е „да се препуштиш на љубовта“, што значи да го направиш вистинскиот чин на верата. Бог повикува, а човекот одговара. Да одиш да се исповедиш- напомена, не е како кога одиме на хемиско чистење за да отстраниме некоја дамка; тоа е нешто друго. Верата е средба со милосрдието, со самиот Бог Кој е милосрдие – името Божјо е милосрдие – тоа е и препуштање во прегратката на таа Љубов, таинствена и великодушна, која толку ни е потребна, но на која понекогаш се плашиме да се препуштиме.

Заради тоа постои опасноста да паднеме во прегратката на световниот менталитет кој донесува тага, жалост и осаменост. Затоа исповедникот треба да биде способен секогаш да се восхитува заради браќата кои ја бараат Божјата прошка и кои заради верата Му се препуштаат предавајќи се себе во Исповедта. Жалоста заради сопствените гревови е знак на тоа препуштање на Љубовта полна со доверба – рече Папата.

Втората точка од размислувањето на Папата е „да дозволиме љубовта да нѐ преобрази“, затоа што не се менуваме заради серија правила кои треба да ги почитуваме, туку заради шармот на љубовта која сме ја почувствувале и која ни е дадена бесплатно. Конкретен пример е Исус и неговата смрт на крстот за нас. Така Љубовта која е самиот Бог се направи видлива за луѓето и тоа порано незамислив, целосно нов начин и затоа е способна сѐ да обнови. (…)

Препуштени, преобразени и подготвени да ја возвратат љубовта – тоа е патот на кој предупредува Папата во третиот дел од своето размислување во кое го истакна „одговорот на Љубовта“. Напоменувајќи дека ние нема никогаш да можеме целосно да одговориме на божествената Љубов, заради ненадоместливите разлики помеѓу Создаделот и созданијата, папата Фрањо истакна дека Бог ни ја покажува можната љубов, а тоа е љубовта кон братот. Љубовта кон братот е место на реален одговор на Божјата љубов; љубејќи ги браќата покажуваме на себе, на светот и на Бог дека навистина Го сакаме и дека одговараме на неговото милосрдие.

Со првенство на љубовта, добар исповедник секогаш предупредува на премногу потребната љубов кон ближниот како секојдневна вежбална во која се вежба љубовта кон Бог. Моменталната одлука повеќе да не направиме грев, е знак на волјата да одговриме на Љубовта – истакна Папата. Честата Исповед – објасни потоа, и за покајникот и за исповедникот станува пат за посветување, училиште на верата, препуштање, промени и одговор на милосрдната љубов на Отецот. (…)

Многу совети папата Фрањо даде на исповедниците кои ги поттикна да бидат милосрдни што – како што објасни, не значи да биде широкораден, туку брат, татко, утешитл. Треба да прима во мир, татковски… Да примаш пружејќи мир и да дозволиш личноста да ти зборува. Исповедникот понекогаш забележува дека има тешкотии во изнесувањето на некој грев; но ако тоа го сфати нека не поставува индискретни прашања – советуваше Папата и објасни, треба да се запре за да предизвикаме уште поголема болка, поголема мака; тоа треба да го правиме без залудни прашања избегнувајќи изглед на „шериф кој те мачи“.

На крајот папата Фрањо ги поттикна присутните таа скапоцена служба кои во исповедалницата се повикани да ја извршуваат да ја доверат на свети Јосиф човек праведе и верен.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот