Папата Фрањо одобри поголеми овластувања на месните бискупи

Папата Фрањо одобри поголеми овластувања на месните бискупи

Папата Фрањо во вторник 15 февруари 2022 година издаде ново апостолско писмо во форма на Motu proprio во кое се воведуваат промени во Кодексот на канонското право (CIC) и Кодексот на каноните на источните цркви (CCEO), во корист на поголема децентрализација.

Со новото Motu proprio „Assegnare alcune composenze“ (Доделување на одредени овластувања), папата Фрањо воведува промени во канонското право и за Западната и за Источната црква, со што се менуваат подрачјата на надлежности на различните тела во рамките на општата Црква. Станува збор за пренесување на дел од надлежностите на месните епископи кои досега му припаѓаа на Ватикан.

Новите норми се занимаваат со различни подрачја од животот на Црквата и за секој случај се прецизира која власт е надлежна да одлучува за тие прашања. Намерата на овие измени, објаснува Светиот Отец во писмото, е првенствено да се поттикне чувството на колегијалност и пастирска одговорност кај епископите и поглаварите и да се поддржат начелата на рационалност, ефикасност и делотворност.

Давањето директни овластувања за донесување одлуки на извршната власт на локалните цркви или црковни институции одговара на црковната динамика на заедништвото и ја зголемува близината, истакнува папата Фрањо. Тој напоменува дека здравата децентрализација не може да не ја следи оваа динамика, а притоа да не се загрозува хиерархиската димензија на Црквата.

Промените ја отсликуваат заедничката и плуралистичка универзалност на Црквата, продолжува Папата, дозволувајќи различности без да се обидува сѐ да се униформира. Воедно, службата на Римскиот бискуп гарантира единство среде различностите. Измените во Кодексот на Канонското право, исто така, имаат за цел да им помогнат на месните црковни власти побрзо и поефективно да одговорат на пасторалните прашања, токму заради близината со луѓето и околностите за кои станува збор.

Меѓу другото, промените вклучуваат прашња за основање меѓуепархиски семинарии, план за свештеничката формација изработен од бискупските конференции, заедниците на посветени девици, овластување на монасите да живеат надвор од сопствените институции од сериозни и оправдани причини, издавањето на регионалните катехизми и намалување на литургиските обврски според член 1308 од Кодексот на канонското право или 1052 година во Кодексот на каноните на источните цркви.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот