Папата Фрањо изрази сочуство за смртта на кардиналот Вилијам Јосиф Левада

Папата Фрањо изрази сочуство за смртта на кардиналот Вилијам Јосиф Левада

Погребните обреди за порнешниот префект на Конгрегацијата за наука на верата, кој почина на 26 Септември 219 година, на 84. годишна возраст, беа спроведени во базиликата Свети Петар, од кардиналот Тарцисио Бертоне, во присуство на кардинали, архиепископи и епископи. На крајот на Евхаристиското славење, папата Фрањо го водеше последниот обред наречен ‘commendatio’ i ‘valedictio, односно ја препорача неговата душа на Бог.

Во петок 27 Септември 2019 година во ватиканската  базилика се одржаа погребните обреди за кардиналот Вилијам Јосиф Левада, порнешниот префект на Конгрегацијата за наука на верата, кој почина на 26 септември на 84-годишна возраст.

Во телеграмата за сочуство која Светиот Отец ја испрати до надбискупот на Сан Франциско, монсињор. Салваторе Ј. Кордилеоне, Папата со неизмерна благодарност го спомнува порнешниот префект на Конгрегацијата за наука на верата. Светиот Отец посебно се осврна на годините на неговата служба како свештеник и епископ во Лос Анџелес, Портланд и Сан Франциско и ги нагласи неговите посебни приднеси за катехезација, образование, администрација и за неговата служба при Светиот Престол. Со задоволство ви се придружувам во препорачувањето на неговата благородна душа на бесконечното Божјо милосрдие,  нашиот небесен Отец – напиша Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот