Папата Фрањо замина од Бахреин

Папата Фрањо замина од Бахреин

Папата Фрањо по четирдневната посета на Кралството Бахреин се упати на повратниот лет за Рим. Главниот фокус на ова 39. Апостолско патување во странство, негово второ во регионот на Заливот, беше да ги зацврсти локалните христијани во нивната вера и да го промовира меѓурелигискиот дијалог.

Папата Фрањо го заврши своето апостолско патување во Кралството Бахреин, негово 39. Апостолско патување во странство, второ во регионот на Блискоисточниот Залив и 58. земја која ја посети како Папа.

Светиот Отец полета од Бахреин со авион Боинг 787 на „Галф ер“ кратко после 11.00 часот по римско време и се очекува да слета во Рим околу 16.45 часот по локално време.

Папата појде на патувањето во оваа островската држава со мнозинско муслиманско население откако ја прифати поканата упатена од кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа и од локалната Црква да ја посети земјата по повод меѓуверскиот форум.

За време на посетата, Папата учествуваше на Форумот за дијалог во Бахреин и ја искажа својата близина со малото и разнолико католичко стадо во земјата.

На форумот за дијалог во Бахреин, папата Фрањо ги повика верските водачи да ја препознаат нивната огромна одговорност и „должност“ да му помогнат на човештвото што страда, особено преку промовирање мир и осуда на оние кои го користат Божјото име за да вршат насилство.

Во ова време на војна, Папата упати силни апели за мир, посебно за Украина, Етиопија и Јемен, да се прекине повторното вооружување и за човековите права, посебно за верските слободи, признавањето на правата и достоинството на жените, децата и државјанствата.

Светиот Отец даде големо охрабрување на локалната Црква во земјата, вклучително и со славењето на света Литургија за околу 30.000 верници од 111 земји, каде зборуваше за љубовта и истакна дека спиралата на насилство што го мачи светот може да се прекине со тоа што секогаш ќе ги сакаме сите.

Папата, исто така, ги покани свештенството и богопосветените лица од Бахреин да ја зачуваат радоста дадена од Бога, да ја рашират насекаде и да запомнат дека со Бога може да се надмине сè.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот