Папата Фрањо: Евангелието секогаш нека биде со нас!

Папата Фрањо: Евангелието секогаш нека биде со нас!

Во своето обраќање, по молиотвата Анегел Господов папата Фрањо повторно ги советуваше верниците секогаш да го носат Евангелието со себе

По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 24 јануари 2021 година, папата Фрањо се осврна на денешната недела посветена на Словото Божјо. Потсетувајќи дека еден од најголемите дарови на нашето време е токму повторното откривање на Светото Писмо во животот на Црквата на сите нивоа, Светиот Отец го спомна свети Јероним кој има кажано дека секој што го занемарува Светото Писмо, го занемарува Христос. И обратно – додаде Папата – Исус Христос, Словото кое стана Тело, кој умре и воскресна, ни ги отвора умовите за разбирање на Светото Писмо.

Притоа Светиот Отец се заблагодари и ги охрабри парохиите во нивната постојана посветеност за формацијата на верниците за слушање на Словото Божјо. Никогаш да не ни недостасува радоста да го сееме Евангелието. Повторувам уште еднаш: имајте навика секогаш да носите во џебот или торбата мало Евангелие, како би можеле да го читате во текот на денот, барем три или четири реда. Евангелието нека биде секогаш со нас!

Ватикан њуз/к/мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот