Папата Фрањо до лаичките институти: Бидете револуционерни со мали гестови

Бидете револуционерни, поттикна папата Фрањо, примајќи околу 200 претставници на Италијанската конференција на лаичките институти, кои овие денови имаат своја средба. Италија е земја со најголем број на лаички институти и со нивни членови. Светиот Отец на присутните им предаде веќе подготвен говор, шегувајќи се дека „е досадно да се чита“, па им се обрати импровизирајќи.

Бидете револуционерни како што било револуционерно објавувањето на апостолската конституција „Provida Mater Ecclesia“ на Пио XII. Папата Фрањо го спомна тој ден, 2 февруари 1947 година, кога со храбар чин, во тој момент, Црквата на лаичките институти им даде структура и институционалност. Од тогаш па до денес, направивте многу добро за Црквата и тоа храбро, бидејќи за живот во овој свет е потребна храброст, рече Светиот Отец.

Во говорот што им го предаде, Папата ја објасни специфичноста на лаичките институти, чии членови, лаици и свештеници, како и другите и меѓу другите, живеат нормален живот, без надворешни знаци, без подршка за животот во заедница, без видлив организиран апостолат или посебни дела. Сепак, тие се дел од онаа Црква што е сиромашна и која излегува надвор, а која како таква ја сонувам, истакна во напишаното во проповедта Светиот Отец. Живеејќи секој ден како личност што живее во светот, а истовремено, ја одржува контемплацијата, контемплативната димензија кон Господ и во односот со светот, размислувајќи ја стварноста, како и убавината на светот, но и големите гревови на општеството, застранувањата; сето тоа и секогаш во духовната напнатост, забечежа Папата и додаде дека токму поради тоа нивниот позив е привлечен.

Во однапред припремениот говор Светиот Отец истакна дека е важно да се биде сиромашен меѓу сиромасите и дека не треба никогаш да се изгуби заносот на одењето по патиштата на светот. Ви посакувам, секогаш да го задржите тоа однесување, да одите напред и не само напред, туку напред и во средина, таму каде сѐ е во игра: политиката, економијата, образованието, семејството, истакна Папата.

Пред сомневањата, ги поттикна папата Фрањо присутните да се сетат како Господ зборува за зрното пченица. Вашиот живот е како семе од пченица, како квасец, правејќи сѐ возможно за да дојде Царството, да расте и да биде големо. Мал живот, мали гестови; нормален живот, но квасецот дозволува да расте. И тоа вас ве теши. Во оваа проценка за Божјото Царство резултатите не се гледат. Само Господ ни дава да почуствуваме нешто, а резултатите ќе ги видиме таму горе, истакна Папата.

Повикувајќи на повторно читање на 11 глава од Посланието до Евреите, Светиот Отец ги поттикна сите да имаат многу надеж. Тоа е милост што ја имате да ја молите од Господ, секогаш; надеж што никогаш не разочарува. Тоа е надеж која оди напред, истакна Светиот Отец. Потоа Папата заблагодарувајќи им се на лаичките институти за сѐ што прават за Црквата, за нивните молитви и делување, но и за надежта, се задржа со присутните, кои го поканија на размислување за две личности, членови на нивните институти: за градоначалникот на Фиренца, Џорџо Ла Пири и за соосновачот на Католичкиот Универзитет Пресвето Срце, Армиди Барели. Тие се навистина примери, рече Папата и сеќавајќи се на 2005 година кога народот за Иван Павле II извикуваше „Веднаш свет!“, ги поттикна присутните и тие истото да го извикуваат за Ла Пир и Армид Барели.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот