Папата Фрањо до католичките медиуми: Бидете знак на единство среде различностите

Папата Фрањо до католичките медиуми: Бидете знак на единство среде различностите

Папата Фрањо упати порака до ,,Католичката Пресс Асоцијација (CPA) под чие покровителство од 30 јуни до 2 јули се одржува Catolic Media Conference” на тема: Заедно додека сме разделени, објави канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Папата на почетокот на пораката напомена дека Католичката Пресс Асоцијација прв пат во својата историја ќе одржи виртуелна конференција, поради моменталната здраствена ситуација. Имајќи ја во предвид пандемијата со коронавирусот Папата искажа близина „до оние кои се погодени од вирусот, и оние кои загрозувајќи ги своите животи, работеа и продолжуваат да работат помагајќи им на браќата и сестрите во потреба“.

Тој истакна дека темата на конференцијата изразува чувство на заедништво што, парадоксално, настана од искуството на социјално дистанцирање. „Навистина, искуството од последните месеци покажа колку е важна мисијата на комуникациските медиуми во зближување на луѓето, скратување растојанија, обезбедување на потребните информации и отворање на умови и срца до вистината“.

Осврнувајќи се на идеалот за единство во различностите, изразен во американското мото E pluribus unum, Папата истакна колку е итно потребно денес „во време означено со конфликти и поларизација на што и самата католичка заедница не е имуна. Потребни ни се медиуми способни да градат мостови, да бранат животи и да рушат ѕидови, видливи и невидливи, кои спречуваат искрен дијалог и вистинска комуникација помеѓу поединците и заедницата. Потребни ни се медиуми кои можат да помогнат на луѓето, особено на младите да разликуваат добро од зло, да развиваат здраво расудување засновано на јасно и непристрасно изнесување на фактите, и да ја разбираат важноста на делувањето за правда, социјална хармонија и почитување на заедничкиот дом. Ни требаат мажи и жени со верба кои ја штитат комуникацијата од сѐ што би можело да ја наруши или да ја искриви за други цели“.

Папата Фрањо ги замоли католичките медиуми да бидат „обединети и знак на единство”, додавајќи дека медиумите можат да бидат големи  и мали, но овие категории во Црквата да не се сметаат, бидејки сите сме “крстени во еден Дух и членови сме на едно Тело”.

Папата порача дека комуникацијата не е прашање на професионална надлежност туку „професионален комуникатор на себеси кој се посветува целосно на благосостојбата на другите”. “Не можеме вистински да комуницираме освен ако не станеме лично вклучени, освен ако лично ја потврдиме вистинитоста на пораката која ја пренесуваме. Секоја комуникација има свој конечен извор во животот Троединиот Бог кој со нас го дели богатството на својот божествен живот и за возврат нѐ повикува со нашето единство во служба на неговата вистина да го пренесеме ова богатство на други“, додаде тој.

На крајот порача дека духот на заедништво со римскиот епископ секогаш бил заштитен знак на католичкото новинарство во САД и Канада. Посака тој дух да ги задржи католичките медиуми обединети во верата и да ги направат отпорни на минливи културни каприци на кои им недостасува мирисот на евангелската вистина.

„Да продолжиме да молиме за помирување и мир во нашиот свет“, заклучи Папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот