Папата Фрањо до ирачкиот премиер: Заштитете го присуството на христијаните

Папата Фрањо до ирачкиот премиер: Заштитете го присуството на христијаните

Во фокусот на средбата на папата Фрањо со ирачкиот премиер Ал-Кадими беше историското патување на Папата во таа земја, во март годинава. За обнова е потребно дијалог и доверба

Неизбришлив е споменот од Багдад, Ербил, Мосул, Каракош, места кои ги посети папата Фрањо за време на неговата апостолска посета на Ирак, што беше во фокуост на средбата меѓу Светиот Отец и ирачкиот премиер Мустафа Ал-Кадими, која се одржа во петок 2 јули 2021 година. Во срдечен разговор, соговорниците се осврнаа на важноста од промовирање на културата на национален дијалог со цел поддршка на стабилноста и обновата на земјата.

Во продолжение на разговорот е истакнато значењето на заштитата на историското присуство на христијаните во земјата, со соодветните законски мерки и важниот придонес што тие можат да го дадат за општото добро. Истакната е и потребата да им се гарантираат истите права и должности како на другите граѓани.

На крај, тие се осврнаа на состојбата во целиот регион, споменувајќи ги особено напорите кои ги направи земјата, со поддршка на меѓународната заедница, за враќање на атмосферата на доверба и мирен соживот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот