Папата Фрањо до вработените во Светиот Престол: Вие сте најскапоценото нешто

Папата Фрањо до вработените во Светиот Престол: Вие сте најскапоценото нешто

За време на пандемијата на коронавирусот, никој нема да ја загуби работата во Ватикан, рече папата Фрањо во понеделник, на 21 декември 2020 година, честитајќи им го Божиќ на околу 4.000 вработени во Светиот Престол и нивните семејства.

Вие сте најскапоценото нешто! – истакна Светиот Отец во големата сала полна со вработени кои носеа заштитни маски.

„Никој не смее да ја изгуби работата или да прима намалена плата во ова тешко и напорно време“, додаде Папата. „Никој не треба да трпи груби економски последици од оваа пандемија“ – рече тој.

Најмалата земја во светот, остана без многу приходи, особено оние од продажбата на билети за музеите во Ватикан кои во моментот се затворени. Сепак сака да им исплати целосна плата на своите вработени во времето на епидемијата КОВИД-19, бидејќи не располага со фонд за невработеност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот