Папата Фрањо до аргентинските судии: Каде има глад нема демократија

Папата Фрањо до аргентинските судии: Каде има глад нема демократија

Во видео пораката која ја испрати до судиите од аргентинскиот капитол на Панамериканскиот одбор за социјални права и францисканска наука, Папата истакна дека богатството на светот се повеќе оди во корист на неколкумина.

Никогаш не заборавајте дека нема демократија каде што има глад, нема развој каде што владее сиромаштво, а уште помалку има праведност во нееднаквоста – истакна папата Фрањо обраќајќи се преку видео порака до Аргентинскиот капитол на Панамериканскиот одбор на судии за социјални права и францисканска наука. Основан во Ватикан во 2019 година, по вдахновение на учителството на папата Фрањо, тоа тело делува во блиска врска со Папската академија за општествени науки.

Во текот на виртуелната средба одржана на 30 септември и 1 октомври посебно се разгледани социјалните права во Аргентина. Папата ги поттикна судиите секогаш да го бараат доброто во народот во своите земји и истакна дека високите нивоа на сиромаштво се најочигледен показател на неправдите кои преовладуваат во светот. Освен тоа, тие се и знак на неуспесите воочени во спроведувањето на најосновните права. Пандемијата ги влоши страшните општествени прилики – рече Папата и напомена дека затоа за милиони луѓе се потребни итни креативни и делотворни одговoри.

Папата во видео пораката потоа се осврна на се поголемата нееднаквост која го поттикнува сиромаштвото и неправдата. Периферијата се зголемува, а центарот на моќ, богатство и можности се повеќе се намалува. Со други зборови голем дел од парите и можностите одат во корист на малку луѓе, а мнозинството трпи во сиромаштво – додаде Папата и истакна дека првата задача на државата е среќата на луѓето. Освен тоа, многу е важно да се обрати внимание на важните потреби на луѓето односно на станот, земјата и работата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот