Папата Фрањо: Документот од Абу Даби е надеж за иднина без омраза

Папата Фрањо: Документот од Абу Даби е надеж за иднина без омраза

По повод првата годишнина од потпишувањето на Документот за човечко братство, Папата Фрањо испрати видео порака до учесниците на свеченоста која се одржа на 04 февруари во Абу Даби.

Папата напомена дека славиме годишнина од тој голем човекољубив настан, да се надеваме на подобра иднина за човештвото, иднина без омраза, злоба, екстремизам и тероризам, во кој преовладува вредноста на мирот, љубовта и братството. Пред една година, мојот брат големиот имам Ахмед Ал-Тајеб, имамот на Ал – Азхар и јас го потпишавме Документот за човечко братство во саканиот главен град во Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби – потсети Папата.

Посебни поздрави упати до сите кои му помагаат на човештвото, на своите сиромашни, болни, прогонети и слаби браќа, без оглед на религијата, бојата или расата на која припаѓаат. Покрај тоа, изрази задоволство за поддршката која Обединетите Арапски Емирати ја даваат за работата на Врховниот одбор за човечко братство и исто така се заблагодари за иницијативата на организацијата Abrahamic House, која ја основа наградата за човечко братство.

Папата Фрањо потоа изрази радост затоа што учествува на тој момент на претставување на светот на Меѓународната награда за човечко братство, со цел да се поттикнат сите добри примери на мажите и жените, кои ја овоплотуваат љубовта во овој свет преку дела и пожртвување, направени за доброто на другите, без разлика колку се различни според религијата или етничката и културната припадност. На крајот од Семоќниот Бог побара да ги благослови сите напори насочени за доброто на човештвото и да му се помогне да напредува во братството.

Во говорот на свеченоста во Абу Даби, еден од личните секретари на Папата, монс. Јоанис Лахзи Гаид истакна дека целиот износ од наградата за братство, која ја прими минатата година, Папата Фрањо ја донира на народот Рохинџи во Мјанмар.

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот