Папата Фрањо секојдневно добива 2.000 писма

Повеќе од 2.000 писма од целиот свет секојдневно добива папата Фрањо. По изборот за папата бројот на писмата секојдневно се зголемува, изјави во вторник 24 септември заменик директорот на Канцеларијата за печат при Светата Столица, Чиро Бенедетини.

Писмата испраќаат различни возрасни групи и занимања. Покрај другото најчесто од папата Фрањо бараат морална подршка и зборови на охрабрување. Скоро сите во писмата ги оставаат своите телефонски зборови со надее дека ќе им се јави Папата, рече Бенедетини.

Минатите недели е објавено дека папата Фрањо многу често се јавува телефонски на лица кои имаат проблеми, при што ги охрабрува. Исто така голем број писма секојдневно добива и почесниот папа Бенедикт XVI. (2005-2013)

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот