Папата Фрањо: Да се грижиме со љубов за болните

„Да Му се доверите на милосрдниот Исус, како Марија: Што ќе ви рече, направете го“, тоа е темата на пораката на папата Фрањо за 24-от Светски ден на болните, објавена, на денот во кој Црквата ја слави „Натажената Божја Мајка“. Во центарот на Папската порака е евангелскиот извадок од свадбата во Кана Галилејска, определен од Светиот Отец како „Икона на Црквата“. Централното Евхаристиско славење за Светскиот ден на болните, ќе биде на 11 февруари 2016 во Назарет, каде што „Исус ја започна својата мисија на спасување“.

Болеста, пред сè тешката, секогаш го става во криза човековото постоење и со себе носи длабоки прашања. Во првиот момент може да се побуниме: „Зошто се случи токму на мене?“. „Можно е да се почувствуваме очајни, да размислиме дека сè е загубено, дека веќе ништо нема смисла … Но токму во овие моменти верата во Бог го открива целиот свој позитивен потенцијал. Верата во реалноста – појаснува Папата – не ја елиминира болеста или болката, туку го нуди клучот со кој може да се открие длабоката смисла на она што се доживува. Овој клуч, продолжува Папата Фрањо, ни го нуди Марија, Мајката Божја, експерт за животот, за да бидеме поблиску до Исус“.

Папата во пораката се задржува на евангелскиот извадок за свадбата во Кана Галилејска, опишувајќи ја како „Икона на Црквата“, во чиј центар е милосрдниот Исус, опкружен со учениците и Марија“, Мајка која ги утешува своите чеда; внимателна жена со будни и добри очи и со мајчино срце полно со милост“. Во загриженоста на Марија, се одразува нежноста на Бог, истата која се среќава во бројни луѓе кои се грижат за болните и успеваат да ги разберат нивните потреби, дури и најнеостварливите, бидејќи гледаат со очи полни со љубов“.

Папата ги потсетува мајките со нивните болни деца, синовите и ќерките, кои се грижат за постарите родители, внуците, кои остануваат до своите баби и дедовци: сите тие се доверуваат во рацете на Дева Марија. Што да испроси за нашите блиски кои страдаат? Се разбира, здравјето – пишува Папата – бидејќи самиот Исус го покажа Царството Божјо преку исцеленијата. Но исто и нешто поголемо: Да го побараме мирот и спокојството на животот, кое поаѓа од срцето и е дар Божји“,истакнува Папата.

Порака се задржува и на слугите присутни на свадбата во Кана Галилејска, оние кои ги полнат камените стомни со вода која Исус ќе ја претвори во вино. „Тие се анонимни личности“ појаснува Папата, но „нѐ учат многу, бидејќи се покоруваат великодушно и го прават веднаш добро, она што им е побарано, без да се жалат и без да прават сметки“. Тоа значи – наведува папата Фрањо – „дека Христос држи до човечковата соработка и до неговата подготвеност да им служи на болните и сиромашните“. Ова служење може да биде заморно и тешко, но тоа покрај Господ ќе стане божествено, бидејќи кога им служиме на ближните се поистоветуваме со Исус, повеќе од било кое нешто“. Затоа сите ние можеме да бидеме раце, раце и срца, кои му помагаат на Бог да ги врши своите чуда, често скриени и ако го следиме примерот на Марија Исус секогаш ќе ја претвора водата на нашиот живот во убаво вино“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот