Папата Фрањо даруваше тешко достапни лекови на сиропиталиште во Конго

Папата Фрањо даруваше тешко достапни лекови на сиропиталиште во Конго

Преку Апостолската милостилница и нунцијатурата во Република Конго во сиропиталиштето Foyer Nazareth, на периферијата на Бразвил, главниот град на Република Конго, пристигнаа лекови за дрепаноцитоза, односно еден вид анемија донирани од папата Фрањо,. Благодарение на тој гест сестра Елисе Вуакуанито раководителка на сиропиталиштето во едно писмо кое го потпишаа сите нејзини штитеници, пишува дека тој гест покажува дека насловот на последната енциклика на Папата е програма за работа.

Писмото упатено до папата Фрањо го потпишаа сите деца – 22 од сиропиталиштето Foyer Nazareth, на периферијата на Бразвел, главниот град на Република Конго. Писмото напишано на 3 октомври е благодарност до Папата за скапоцениот примен дар: лекови за дрепаноцитоза, кои се многу тешко достапни на тие проблематични подрачја на кои едвај се пронаоѓа вода и храна. Освен тоа, кога има лекови, нивната цена е недостапна за тамошното население.

Свети Оче – стои во писмото кое го составила сестра Елисе Вуакуанито раководителка на сиропиталиштето, вашиот дар на нас ни дава да согледаме дека Словото од Светото Писмо е живот. (…) Свети Оче со тие лекови веруваме и потврдуваме дека Господ нѐ посети преку Вас, викарот на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Ние го благословуваме и ја повикуваме на Вас неговата милост и сила – стои во писмото. Сестра Елисе и децата од Бразвил изразуваат „големо благодарам“ на Бог, Папата и апостолската нунцијатура на безграничното внимание кон нив. Преку тој гест сфаќаме дека насловото на неговата последна енциклика (Fratelli tutti) не е празен, туку е програма за работа и послание кое од Црквата сте го прифатиле во името на Исус Христос. Да, потврдуваме дека сите сме браќа – истакнува сестра Елисе во писмото.

Во институцијата која ја води сестра Елисе децата без дом и со несигурна иднина добиваат храна, кров над главата и кревет, но и целосно воспитание вдахнато од христијанските вредности.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести

За авторот