Папата Фрањо го прифати повлекувањето на двајца Апостолски нунции

Папата Фрањо го прифати повлекувањето на двајца Апостолски нунции

Папските претставници „сами по себе“ не престануваат со својата служба во моментот кога ќе наполнат 75 години, туку мора да се заблагодарат на Светиот Отец за доверената им служба

На 4 јули 2019 година папата Фрањо го прифати повлекувањето од служба на Апостолските нунции во Шпанија и Кнежеството Андора, надбискупот Ренцо Фратини, како и нунцијот во Португалија, надбискупот Рино Пасиџати. И двајцата ја наполнија возраста кога се повлекуваат од таа служба.

Следејќи ги новите правила кои се воспоставени со „мото проприо“ „Научете да се збогувате“, а кое е објавено на 15 февруари 2015 година, Апостолските нунции ги седат истите постапки како и епископите и префектите на дикастериите на Римската Курија. Папските претставници „сами по себе“ не престануваат со својата служба во моментот кога ќе наполнат 75 години, туку мора да се заблагодарат на Светиот Отец за доверената им служба. За да стапи на сила повлекувањето мора да го прифати Папата. Затоа сега билтенот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол објавува не само именувања, туку и повлекување на апостолките нунции.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот