Папата Фрањо го прими Претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина

Папата Фрањо го прими Претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина

Истакната е потребата од ефикасна рамноправност на конститутивните народи

На 26 април 2019 година папата Фрањо во аудиенција го прими Милорад Додик, претседател на претседателството а Босна и Херцеговина, кој после тоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и заменик секретарот за односи со државите, монсињор Антоин Камилери.

За време на срдечните разговори се истакнати добрите билатерани односи и присутноста на католичката заедница во Босна и Херцеговина, како и за економските и општествените предизвици со кои се соочува земјата – стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Истакната е потребата за ефикасна рамноправност на конститутивните народи и помирувањето меѓу нив. За надминување на поделбите и постигнување на мир, ја нагласија важноста за дијалог и меѓусебно почитување на институционално ниво.

На крајот се осврнаа на прашања од заеднички интерес кои се однесуваат на меѓународното поле, со посебно внимание на можноста за проширување на  Европската унија со Босна и Херцеговина и други земји од тоа подрачје.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот