Папата Фрањо го прими премиерот на Франција

Папата Фрањо го прими премиерот на Франција

Посетата беше посветена на 100. годишнината од обновувањето на дипломатските односи меѓу Франција и Светиот Престол.

Папата Фрањо во вторник 19 октомври 2021 година го прими во Ватикан премиерот на Франција Жан Кастекс. Шефот на француската влада пристигна во Ватикан по повод 100. годишнината од обновувањето на дипломатските односи меѓу Франција и Светиот Престол.

Аудиенцијата траеше 35 минути. Потоа, шефот на француската влада ја посети базиликата Свети Петар и Систинската капела.

За време на традиционалната размена на подароци, папата Фрањо му подари на гостинот мозаик и специјални изданија на документи од неговиот понтификат, вклучувајќи ја и Пораката за годинашниот Светски ден на мирот и Документот за универзалното братство.

Жан Кастекс му го подари на Папата оригиналното издание на Виктор Иго, „ Notre Dame de Paris “ од 1836 година, француски слатки за сиромашните и дрес со автограм на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој оваа година се приклучи на клубот Paris-Saint-Germain.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот