Папата Фрањо го прими кралот на Лесото

Папата Фрањо го прими на аудиенција во Апостолска палата во Ватикан кралот на Лесото, Лецие III, придружуван од кралицата Масенате Сеисо. Во соопштението од Ватикан стои дека за време на разговорите станало збор за постоечките добри односи помеѓу Светата Столица и Кралството Лесото, истакнувајќи ја „важноста на верската слобода за конструктивната соработка меѓу Црквата и државата”. Во светлина на ова, се вели понатаму во соопштението, „се истакнати напорите на шефот на државата и Владата на Лесото давајќи приоритет на здравството и образованието, како и за големиот придонес на Црквата во каритативната работа, правдата и мирот”. На крајот од разговорите станало збор и за прашања поврзани со семејство, како и некои аспекти од политичката и економската ситуација во регионот”.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот