Папата Фрањо го прими во аудиенција рускиот претседател

Папата Фрањо го прими во аудиенција рускиот претседател

Оваа средба беше трета по ред помеѓу папата Фрањо и претседателот Путин

На 4 јули 2019 година папата Фрањо во аудиенција го прими претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Средбата и приватниот разговор се одржаа во просториите на Библиотеката во Апостолската палата, откако рускиот претседател пристигна кратко пред 14.00 часот, после својот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На крајот од аудиенцијата со Светиот Отец и по размената на дарови, следуваше средба со Папскиот државен секретар, кардинал Питеро Паролин, како и со секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Галагер.

Оваа средба е трета по ред помеѓу папата Фрањо и претседателот Путин – претходните се одржаа во 2013 и 2015 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот