Папата Фрањо го предводеше Пасхалното бдение во Ватикан

Папата Фрањо го предводеше Пасхалното бдение во Ватикан

Да ги замолчиме криковите на смртта, доста беа војни! Нека се запре производството и трговијата со оружје затоа што ни треба леб, а не пушки. Нека престанат да се извршуваат абортуси во кои се убива невин живот. Нека се отворат срцата на оние кои имаат за да ги наполнат празните раце на оние кои се лишени од неопходното, повика папата Фрањо во хомилијата на Пасхалното бдение во саботата на 11 април во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Хомилијата на папата Фрањо се засноваше на делот од Евангелието според Матеј во кое се зборува за посетата на жените на Исусовиот гроб на воскресното утро истакнувајќи дека тие со својата молитва и со љубовта го одржувале пламенот на надежта.

Таа година го чувствуваме од било која друга Велика Сабота денот на големото молчење. Можеме да се препознаеме во чувствата на жените од тој ден. Како во нас, и во нивните очи се содржеше драмата на страдањето, од една неочекувана трагедија, која се случи премногу брзо. Тие ја видоа смртта и смртта им беше во срцата. Кон болката се додаваше и стравот: дали и тие ќе го делат истиот крај, како на Учителот? Како и стравот за иднината, која целосно ќе се обнови. Рането сеќавање, споделена надеж. За нив тоа беше најмрачното време, како и за нас.

Но, во таа ситуација, жените не дозволуваат стравот да ги парализира.  Тие не подлегнуваат на темните сили на оплакување и жалење, не се затвораат во песимизмот, не бегаат од реалноста. Во саботниот ден тие прават нешто обично и истовремено неверојатно: во своите домови ги подготвуваат мирисите за телото на Исус. Не се откажуваат од љубовта: во мракот на срцето запалуваат милосрдие. Дева Марија во сабота – ден посветен, се моли и се надева. Во предизвикот на болката се надева на Господ. Тие жени без да знаат ја подготвија во мракот на таа сабота „зората во првиот ден на седмицата“, ден кој ќе ја промени историјата. Исус, како семето во земјата започнуваше да раѓа во светот нов живот; жените со молитвата на љубовта, помагаат да процвета надежта.

Колку луѓе во тажните денови во кои живееме, правеле и прават како тие жени, сеејќи никулци на надеж! Тоа го прават со мали гестови на грижа, наклонетост, молитва, рече Папата.

Оваа ноќ го стекнуваме основното право кое нема да ни биде одземено: правото на надеж. Тоа е нова, жива надеж која доаѓа од Бог. Тоа не е само оптимизам, тоа е потчукнување некого по рамото или да го охрабриме кога ќе затреба. Тоа е дар од небото за кој сами не би можеле да си го обезбедиме. Сè ќе биде во ред, упорно збороваме овие недели, потпирајќи се на убавината на нашето човештво и упатувајќи зборови на охрабрување од срцата. Но, како што деновите поминуваат и стравовите растат, дури и најсмелата надеж може да исчезне. Исусовата надеж е поинаква. Таа во срцето ја става сигурноста дека Бог знае сè да сврти на добро, затоа што дава дури и од гробот да избие живот, рече Папата.

Гробот е место во кое влегуваат внатре, не излегуваат. Но, Исус излезе за нас, воскресна за нас, за да донесе живот таму каде владеала смртта, да започне нова историја таму каде е навален каменот. Он, кој го отргна каменот од влезот во гробницата може да ги отргне карпите со кои е запечатено срцето. Затоа да не подлегнеме на резигнацијата, да не навалуваме камен на надежта. Можеме и мора да се надеваме, бидејќи Бог е верен. Нè не оставил сами, нè посетувал: дошол во секоја наша ситуација, во болката, во вознемиреноста, во смртта. Неговата светлина ја расветли темнината на гробот и денес сака да допре до најтемните агли на животот. Сестро, брате дури и ако во своето срце си ја закопал надежта, не се предавај: Бог е голем. Тамнината и смртта го немаат последниот збор. Само храбро со Бог ништо не е загубено, поттикна Светиот Отец.

Доволно е да се отвори срцето во молитва, доволно е малку да се подигне оној камен навален на влезот на срцето во него да продре свелината Исусова. Доволно е да Го повикаме: „Дојди, Исусе во моите стравови и кажи ми и на мене: Само храбро!“ Со Тебе Господи ќе бидеме искушувани, но не вознемирени. И било каква тага да го опфати срцето, ќе почувствуваме дека мора да се надеваме, бидејќи со Тебе крстот се влева во воскресение, затоа што ти си со нас во темнината на нашите ноќи: Ти си сигурноста во нашите неизвесности, Словото во нашите тишини. Никогаш ништо не може да ни ја украде љубовта која ја негуваш кон нас, рече Светиот Отец.

Воскресното навестување на надежта, продолжи Папата, поттикнува на послание: „Одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја“ (Мт 28, 10), рече Исус. Исус сака да носиме надеж во секојдневниот живот, па и во „Галилеја незнабожечка“ во нашето време. Тоа навестување на надеж не смее да биде ограничена на нашите сакрални простори, туку мора да се носи на сите, истакна Светиот Отец.

Колку е убаво да бидеш христијнин кој утешува, кој го носи товарот на другите, кој охрабрува: навестители на животот во време на смрт! Навестители на животот во сите Галилеи, во сите предели на она човештвото на кое му припаѓаме и кое ни припаѓа затоа што сите сме браќа и сестри, да ја донесуваме песната на животот! Да ги замолчиме криковите на смртта, доста беа војни! Нека се запре производството и трговијата со оружје затоа што ни треба леб, а не пушки. Нека престанат да се извршуваат абортуси во кои се убива невин живот. Нека се отворат срцата на оние кои имаат за да ги наполнат празните раце на оние кои се лишени од неопходното, повика Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот