Папата Фрањо го посети светилиштето Богородица од Мадху во Шри Ланка

Во светилиштето ги поздрави бројните верници, повеќе од половина милион, а Папата зборуваше за важноста на тоа светилиште во текот на граѓанската војна која траеше речиси три децении.

Светилиштето на северозападниот дел на остовот е важно поклоничко место за верниците од различните етнички групи и е симбол на помирување во повоениот период.

Војната во Шри Ланка која е завршена во 2009 година по триесетгодишниот конфликт, донесе „многу омраза, многу насилство и многу уништување“. Но, во примерот на Марија која во подножјето на крстот „прости на убијците на својот Син“ Исус, нека овозможи на сите од Шри Ланка да најдат  „вдахновение и сила за изградба на иднина на помирување, праведност и мир.“ Таа е желбата која ја изрази папата Фрањо по повод посетата на маријанското светилиште Богородица од Бројаницата во Мадху, на местото кое заради конфликтот никогаш не беше дестинација во ходочастието на претходните патувања на папата Павле VI и Иван Павле II.

По долготрајното поздравување со мноштвото верници кое го придружуваше со песни и спонтани кореографии на патот од хелиодромот и со верниците околу 500 000 кои го чекаа пред светилиштето каде што еден верник му подари венец од орхидеи, Папата пушти на слобода бел голуб.

Во своето обраќање поздрави две заедници во Шри Ланка – кои на тоа место ги преставуваа групите семејства кои тешко страдале во непријателствата – „да се обнови единството кое е изгубено“.

Дури кога ќе го сфатиме, во светло на крстот злото кое сме способни да го направиме и во кое дури и сме учествувале, можеме да доживееме вистинско каење и вистинска скрушеност. Дури кога ќе можеме да примиме милост за да се приближиме едни на други со вистинско каење нудејќи и барајќи вистински опрост рече Папата во најпосетеното светилиште во Шри Ланка.

Во текот на молитвеното славење упатена е посебна маријанска молитва за зајакнување на мирот.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот