Папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI

Папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI

На почетокот од Страстната седмица, во понеделник 15 април 2019 година попладнето, папата Фрањо во манастирот Mater Ecclesiae го посети почесниот папа Бенедикт XVI и му го честита Воскресението Христово. Светиот Отец во таа прилика, со посебно внимание му го честита роденденот на папата Бенедикт XVI, кој во вторник 16 април ќе наполни 92 години, соопшти директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алесандро Џизоти.

Веќе стана традиција папата Фрањо да го посетува својот претходник за големите црковни празници или пак заради некој посебен повод. Од своето повлекување од Петровата служба почесниот папа Бенедикт XVI живее во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот