Папата Фрањо го посети гробот на свети Иван Павле II

Папата Фрањо го посети гробот на свети Иван Павле II

На празникот на светиот Иван Павле II, во понеделникот на 22 октомври папата Фрањо го посети гробот на папата Војтила, каде се задржа во кратка молитва, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Литургискиот спомен на светиот Иван Павле II кој за светец го прогласи папата Фрањо на 27 април 2014 година заедно со свети Иван XXIII е запишан во Општиот римски календар со степен на незадолжителен празник. Споменот на Иван Павле II се слави на денот на неговото устоличување за Петров наследник на 22 октомври 1978, по кој повод ги изговори зборовите: „Не плашете се! Да ја отворите уште повеќе ширум вратата за Христос!“

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот