Папата Фрањо го повика неговиот чевлар од Аргентина

Буенос Аирес, 21.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо брзо стана познат по својата скромност, а во прилог на ова зборува и неговата одлука да продолжи да ги носи своите едноставни црни чевли, наместо папските црвени. Затоа го повика неговиот чевлар во Буенос Аирес за да му ги поправи.

Веќе 40 години, сега 81- годишниот Карлос Самарија во неговата чевларска работилница во предградието на аргентинската престолнина изработува чевли, а папата Фрањо го познава уште како кардинал Хорхе Бергољо.

„Ало Самарија, Бергољо тука“ – така започнал телефонскиот разговор.

„Но, кој е тоа?“ – прашал изненадено чевларот.

„Самарија, јас сум Фрањо, Папата!“ –  одговорил, Светиот Отец и му порачал на чевларот дека не сака да носи црвени чевли, туку да му направи црни како и порано.

Самарија вели дека чевлите на папата Фрањо се едноставни, направени од црна кожа, со врвци и без украс.

За што разговарал со чевларот Бергољо кратко пред да отпатува на Конклавите?

„Не сака нови чевли, туку само да му ги поправам старите“, откри Самарија и додава дека за Светиот Отец сепак ќе направи нов пар чевли „кој ќе чекаат“.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<