Папата Фрањо го именува монс. Семерара за нов префект на Конгрегацијата за прогласување на блажени и светци

Папата Фрањо го именува монс. Семерара за нов префект на Конгрегацијата за прогласување на блажени и светци

На 15 октомври Светиот Отец го именува монс. Марсело Семераро за нов префект на Конгрегацијата за прогласување на блажени и светци, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Монс. Семераро е епископ на Албана во Италија и секретар на Кардиналскиот светот за помош на Светиот Отец во управувањето со сеопштата Црква и за размислување за нацрт измените на Апостолската конституција за римската курија „Pastor bonus“.

Со именувањето го наследи кардиналот Џовани Бекију кој на 24 септември даде оставка и се откажа од кардиналските права.

Монс. Семераро е роден во 1947 година во Апули, за свештеник е ракоположен во 1971 година, а свети Иван Павле II во 1998 година го именува за епископ на Ориј. Епископ на Албана станува на 1 октомври 2004 година.

Во моментот е апостолски администратор на располагање на Светиот Престол за егзархискиот манастир Света Марија од Гротаферата и Папски делегат за редот на василијанците во Италија.

Почетното образование го стекнува во Папската покраинска апулска семинарија „Пио XI“ во Молфети. Потоа завршува теолошки студии на Теолошкиот факултет на Папскиот латерански универзитет во Рим, каде стекнува академски степен на магистерат и докторат. Потоа предавал догматска теологија на Апулискиот теолошки институт и еклезиологија на Латеранум. Автор е на повеќе дела за еклезиологијата, пасторалот и свештеничката духовност меѓу кои и книгата Ascoltare e curare il cuore. Il discernimento nella vita dei pastori della Chiesa за која предговорот го напиша папата Фрањо.

Беше посебен секретар на 10. Генерално собрание на Епископската синода, а учествуваше и на 14 и 15 Генерално собрание. Член е на Конгрегацијата за прогласување на блажени и светци и во Дикастеријата за комуникација и советник во Конгрегацијата за Источни Цркви.

Исто така е претседател на Покраинската комисија за наука на верата, навестување и катехеза на Епископската конференција на Лацио. Член е на Комисијата за наука на верата, навестувањето и катехеза при Италијанската епископска конфернција. Претседател е на Управниот одбор „Avvenire – Nuova Editrice SpA“.

Монс. Семераро на 21 септември 2019 година беше домаќин на папата Фрањо кој беше во пасторална посета на Албана.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот