Папата Фрањо го именува монсињор Каваленов за епископ на Никополската епархија

Папата Фрањо го именува монсињор Каваленов за епископ на Никополската епархија

Светиот отец папата Фрањо na 20 јануари 2021 година го именува монсињор Страхил Веселинов Каваленов, досегашен апостолски администратор на испразнетото седиште на истата епархија, за епископ на Никополската епархија.

Монсињор Страхил Каваленов е роден на 25 март 1966 година во Разград. По завршување на средното училиште, дипломирал историја на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Предава историја во различни средни училишта во главниот град. Теолошки се образувал на Теолошкиот факултет во Лугано (Швајцарија), Папскиот универзитет „Свети Иван Павле Втори“ во Краков (Полска) и Папскиот универзитет Латеран, а во последниот период од студиите престојувал во колегиумот „Русикум“ во Рим.

За свештеник е ракоположен на 18 април 2009 година за Никополската епархија и бил именуван за парохиски свештеник на парохијата „Дева Марија од Бројаницата“ во Велико Трново, каде што останал до 2012 година, кога бил именуван за парохиски свештеник на црквата „Блажен епископ и маченик Евгениј Босилков“ во Габрово.

На 1 март 2018 година е именуван за Генерален викар на Никополската епархија, а на 15 септември 2020 година е назначен за Апостолски администратор на испразнетото епископско место.

За време на посетата на папата Фрањо на Бугарија, од 5 до 7 мај 2019 година, тој беше личен преведувач на Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот