Папата Фрањо го именува кардинал Фарел за камерленго на Светата Римска Црква

Папата Фрањо го именува кардинал Фарел за камерленго на Светата Римска Црква

Папата Фрањо го именува кардинал Кевин Јосеф Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, за камерленго на Светата Римска Црква, објави на 14 февруари 2019 година Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Задачата на кардинал Фарел како камерленго се регулирани со Апостолските конституции Pastor bonus i Universi dominici gregis, и вклучува организирање на конклава за избор на нов папа и управување со Светиот Престол во периодот од смртта или повлекувањето до изборот на нов Папата. Камерленгото е една од двете челни служби во Римската курија кои не престануваат во случај кога Папскиот престол е празен. Како служба е воведена во 12 век.

Местото на кардинал камерленго беше празно од јули 2018 година кога почина кардинал Жан Луис Туран кој од 2014 година ја вршеше таа служба.

Кардинал Фарел е роден во Ирска, за свештеник е ракоположен 1978 година како член на Христовата легија, се преселува во Вашингтон, каде бил директор на Шпанскиот католички центар до 1989 година кога ќе стане службеник во Финанскискиот оддел на надбискупијата

Во 2002 година е именуван за помошен епископ на Вашингтон. Во 2007 година е именуван за епископ на Далас, каде ја извршува епископската служба до август 20016 година кое е именуван за префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот. Во ноември 2016 година е именуван за кардинал.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот