Папата Фрањо ги прими членовите на Групата Света Марта

Папата Фрањо ги прими членовите на Групата Света Марта

На 27 октомври 2016 година папата Фарњо ги прими членовите на „Групата Света Марта“ и кажа дека нивната група дава важен придонес во борбата против трговијата со луѓе – тоа големо општетсвено зло.

На 26 октомври 2016 година во Ватикан членовите на „Групата Света Марта“ ја започнаа својата дводневна конференција (26-27 окотмври 2016 година). Групата се состои од шефовите на полицијата, епископи, монахињи како и претставници на граѓанското општетсво. Целта на средбата е да се споделат искуства и поттикнување на најдобрите практики и методи во борбата против трговијата со луѓе.

На 27 октомври 2016 година папата Фарњо ги прими членовите на „Групата Света Марта“ и кажа дека нивната група дава важен придонес во борбата против трговијата со луѓе – тоа големо општетсвено зло. Жртвите на трговијата со луѓе се и мажи и жени, а често станува збор за малолетници; се искористува нивното сиромаштво и маргинализација. Светиот Отец – како и на средбата пред една година – повтори дека е потребен заеднички ефикасен напор за да се отстранат причините на тој сложен феномен и да се оствари средба, да се помогне и да се следи личноста која запaднала во замката со трговија со луѓе.

Папата на крајот на учесниците на конференцијата им се заблагодари за нивните настојувања и ги охрабри да продолжат со својата работа. „Господ ќе ве награди за она што сте го направиле за оние најмалите во денешното општетсво. Тој кажа: „Бев гладен… Бев жеден…“ и ти си ми помогнал; денес би можел да каже: „Без злоупотребуван, експлоатиран, роб…“ а ти ми помогна,“ го заврши својот говор папата Фрањо.

На овогодинешната конференција делегатите на Групата Света Марта поднесоа извештај до Светиот Отец за напредокот направен од основањето пред две години. Тогаш секој од 24 присутни шефови на полицијата се обврза дека ќе соработува со Црквата и граѓанското општетсво за да ги изведат пред правдата оние кои се одговoрни за страшните злосторства со трговијата на луѓе и да се ублажат страдањата на жртвите. Освен тоа се планира испраќање на окружница на сите епископски конференции во кои ќе бидат замолени да определат еден епископ кој ќе биде во контакт со властите и ќе соработува со нив. Посебно внимание членовите на групата посветија на феноменот експлоатирачка индустрија како и заштитата на сведок. Исто така во план е изработка на насоки кои би требало да им помогнат на луѓето полесно да ја распознаат трговијата со луѓе.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот