Папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Мешовитата меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката Црква и Источните православни Цркви

Папата Фрањо во петок 30 јанаури ги прими во аудиенција учесниците на Мешовитата меѓународна

комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката Црква и Источните православни Цркви, кои овие денови во Рим имаа средба. За потсетување, под поимот „Источни православни цркви“ се подразбираат Црквите кои ги прифаќаат само трите екуменски Собори, одделувајќи се во петиот век поради теолошкиот спор околу Христовата природа, кој е дефиниран на четвртиот екуменски Собор во Халкидон 451 година, потврдувајќи дека Христос е една личност со две различни природи: Божја и Човечка, што источните православни Цркви го одбиваат.

Работата на споменатата комисија започна 2003 година, по заедничка иницијатива на поглаварите на Источните цркви и Папскиот совет за поттикнување на единство меѓу христијаните и во последните десет години Комисијата од историска проспектива ги проучуваше начините на кои Црквите го изразувале заедништвото во првите векови и што може тоа да значи за денешната цел на заедништво, потсети Папата.

Во текот на оваа недела започнавте да ја продлабочувате вашата работа околу природата на Светите Тајни, посебно на крштението. Ја изразувам својата надеж дека таа работа ќе вроди обилен плод за нашето заедничко теолошко истражување и ќе ни помогне, секогаш поисполнето да го доживуваме братското единство, рече папата Фрањо.

Сите христијани се повикани да се заземат заедно во меѓусебното прифаќање и доверба, за да работат за мир и правда. Заговорот и примерот на мноштвото маченици и светци, кои храбро го сведочеле Христос во сите наши Цркви да ве одржат и зајакнат вас и вашите христијански заедници, рече на крајот Папата.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот