Папата Фрањо ги започна духовните вежби со Римската курија

Папата Фрањо ги започна духовните вежби со Римската курија

Во недела попладне, 10 март 2019 година папата Фрањо заедно со кардиналите и епископите од Римската курија заминаа на духовни вежби во манастирот „Божествениот Учител“ во Аричиja, во близина на Рим. Размислувањата ќе ги предводи бенедиктинскиот монах, Бернардо Франческо Марија Џани.

„Молете се за мена и за соработниците во Римската курија, кои од оваа вечер ја започнуваме седмицата на духовните вежби. Ова го напиша папата Фрањо на Твитер профилот @Pontifex, пред да замине за Аричија.

Како што веќе е објавено од првата недела на Великиот пост, папата Фрањо заедно со кардиналите и епископите од Римската курија ќе имаат духовни вежби, кои ќе траат до петок 15 март. За време на духовните вежби сите аудиенции на Папата се откажани, вклучувајќи  ја и Генералната аудиенција во среда 13 март, кога се навршуваат шест години од неговиот избор за Петров наследник. Оваа година медитациите ќе ги предводи бенедиктинецот отец Џани, на тема: „Градот со огнени желби. Со пасхален поглед и дела во животот на светот.“

Од понеделник до четврток ќе се одржуваат две медитации на ден, едната претпладне во 10.00 часот, а втората попладне во 16.30 часот. Во петок ќе се одржи само една медитација, после ручекот учесниците на духовните вежби ќе се вратат во Ватикан. Духовните вежби секој ден започнуваат со света Литургија и завршуват со Вечерна и евхаристиско обожавање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот