Папата Фрањо ги благослови децата, учесниците на Маршот за прифаќање

Папата Фрањо ги благослови децата, учесниците на Маршот за прифаќање

Во дворот Свети Дамас во Ватикан се собраа повеќе од 200 деца учесници на иницијативата поврзан со Светскиот ден на мигрантите и бегалците. Папата Фрањо ги повика да останат да си играат и ги благослови.

Папата Фрањо на 10 септември претпладне во Ватикан упати краток и срдечен поздрав на децата учесниците во Маршот за прифаќање, организиран по повод Светиот ден на мигрантите и бегалците со наслов „Отвори“. Откако на плоштадот Свети Петар го пречекаа учесниците на патувачкиот фестивал „The Walk“, кој со марионетата Амал на чело тргна од турско-сириската граница кон Манчестер, повеќе од 200 деца од Римската бискупија стигнаа во Дворот Свети Дамас во Ватикан каде се собраа околу Папата. Се задржа со нив неколку моменти повикувајќи ги да останат да си играат во дворот Свети Дамас, а потоа ги благослови поттикнувајќи ги да се молат за него.

Спомнуваме дека марионетата Амал е статуа висока триипол метри која го претставува девојчето во бегство од сириско-турската граница кон Обединетото Кралство и патувајќи е симбол на милиони малолетници принудени да се засолнат во други земји заради војните и сиромаштвото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот