Папата Фрањо во посета на почесниот папа Бенедикт XVI

Папата Фрањо пред празникот Воскресение Христово го посети својот претходник почесниот папа Бенедикт XVI. Како и обично тој го посети во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, каде што престојува почесниот папа Бенедикт XVI по неговото повлекување од службата. Скоро едночасовната средба е одржана минатата среда.

Помеѓу папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI постојат срдечни односи, како што веќе повеќе пати има истакнато папата Фрањо. Тие се сретнуваат најчесто за време на божиќните и велигденските празници, како и по патувањата на папата Фрањо во странство.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот