Папата Фрањо во Абу Даби: Мирот умира кога ќе се одвои од правдата

Папата Фрањо во Абу Даби: Мирот умира кога ќе се одвои од правдата

Признавање на истите права на секое човечко битие, значи да се слави името Божјо

Да се посакува мир, да се промовира и да се биде средство за мир, заради тоа сме тука. Логото на оваа посета ја прикажува гулабицата со маслиново гранче. Тоа е слика која потсетува на настанот од потопот, во кој се зборува во различни верски традиции – рече папата Фрањо пред присутните на меѓурелигиската средба во Меморијалниот центар во Абу Даби, истакнувајќи при тоа дека дојде како верник жеден за мир и како брат кој бара мир со браќата, токму по повод јубилејот 800 години од средбата на свети Фрањо Асишки и султанот Ал Малик ал Камил. За да се сочува човештвото од уништување, како што известува Библијата, Бог побара од Ное да влезе во арката со своето семејство. Денес, во името Божјо, за да го спасиме мирот и ние мораме заедно како едно семејство да влеземе во арката која може да плови во бурното море на светот. Тоа е арката на братство – напомена Папата.

Појдовна точка е да се препознае дека Бог е почетокот на човечкото семејство – рече Светиот Отец и напомена: Тој кој што е Создател на сѐ и секој, сака да живееме како браќа и сестри, престојувајќи во заедничка куќа на сето создадено, која ни ја дарува. На тоа се темели братството кое ни вели дека сите имаме исто достоинство и дека никој не може да биде господар или роб на другиот. Не може да се почитува Создателот без да се почитува светоста на секоја човечка личност и на секој човечки живот. Тој гледа на човечкото семејство со добронамерност, која вклучува и на никој не му дава право кое исклучува.

Според тоа, признавањето на истите права за секое човечко битие, значи да се слави Божјото име на земјата – рече Папата и продолжи: Во име на Бог Создателот, секој облик на насилство мора да биде осуден, затоа што тешка е злоупотребата на името Божјо за да се оправда омразата и насилството. Не постои насилство кое верски може да се оправда. Непријателот на братството е индивидуализмот кој се покажува во истакнување на самиот себе и на својата група, а над другите. Тоа е стапица која се заканува на сите погледи од животот, па и на човечката отвореност кон трансцеденцијата и верата. Вистински да се верува значи да се љуби Бог и ближниот со целото свое срце. Верското однесување мораме постојано да го чистиме од искушението да ги осудуваме другите како непријатели. Секоја вера е повикана да го надмине јазот помеѓу пријателот и непријателот како би се прифатила перспективата на небо, која ги прифаќа луѓето без привилегии и дискриминација.

Папата се заблагодари на толеранцијата и слободата на вероисповед, која оваа земја ја дава одбивајќи го екстремизмот и омразата. Светиот Отец истакна дека на тој начин се внимава религијата да не се искористува за насилство и тероризам и со тоа да се негира самата себе.(…)

Немаме избор, или заедно ќе ја градиме иднината или нема да ја има – предупреди Папата и продолжи: Посебно религиите не можат да ја одбијат таа итна задача да градат мостови меѓу луѓето и културите. (…)

Правдата е второто крило на мирот, кое не е компромитирано со поединечни настани, туку полека ја уништува злото на неправда – рече Папата и објасни: Не може да се верува во Бог, без обид да се живее праведно кон сите. Мирот и правдата се нераздвојни. Мирот умира кога ќе се одвои од правдата, а правдата е лажна ако не е универзална.

Папата исто така истакна дека алчноста за профит и законите на сегашниот пазар не помагаат за средба, дијалог, не помагаат на семејството и важните димензии од животот кои бараат време и трпение. (…)

Човечкото братство од нас, претставниците на религиите, бара да го исклучиме секој облик на зборот војна – рече Папата и поттикна: Да се вратиме на нејзината бедна суровост. Пред нашите очи се нејзините зли последици. Посебно мислам на Јемен, Сирија, Ирак и Либија. Заедно, браќа, во единственото човечко семејство кое го сака Бог, да се ангажираме против логиката на вооружените сили. Против монетизацијата на односите, вооружување на границите, подигање ѕидови, гушење на сиромасите; да се спротивставиме на сето тоа со богатството на молитва и секојдневно залагање за дијалог. Нашето заедништво денес нека биде порака на доверба, охрабрување за сите луѓе со добра волја за да не се препуштат на поплавите на насилство и дезертификација на алтруизмот. Бог е со човекот кој бара мир и од небото го благословува секој чекор кој на тој пат се остварува на земјата – рече на крајот Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот