Папата Фрањо: Војните почнуваат од јазикот

Папата Фрањо: Војните почнуваат од јазикот

Во недела 3 март 20119 година во попладневните часови Светиот Отец ја посети римската парохија свети Криспин од Витерб, која се наоѓа на периферијата од Рим. За време на неговата посета тој се сретна со деца и нивните родители, младите кои се подготвуваат за миропомазание, сиормашни и бездомници, кои ги има многу во тој дел од градот. Посетата на оваа парохија папата Фрањо ја искористи да се сретне и со болни и неподвижни лица, а пред самата света Миса ги поздрави свештениците и исповеда неколку верници.

Заедно со него сослужуваа кардинал Анџело Де Донатис, Генерален викар на римската бискупија, монсињор Гуерини Ди Тора, помошен епископ за Северниот дел на Рим, дон Лучијано Качијамани, парох и дон Андреа Ламонаца, парохиски викар.

За врема на проповедта Светиот Отец зборуваше за литургиското евангелие предвидено за таа недела при што истакна: Оговарањето е опасно, бидејќи со тоа не завршува, туку сее неслога, непријателство и зло. Со јазикот започнуваат војните. Тоа е краток чекор кон војна и уништување.

На крајот од својата проповед папата Фрањо рече: Ако на крајот од постот би можеле барем нешто малку да се поправиме, а не секогаш да ги критикуваме другите зад грб, ве уверувам дека тогаш Исусовото воскресение за вас ќе биде поубаво и поголемо. Не е лесно да се препознаат, но постојат два лека кои при тоа можат да ни помогнат. Првиот е молитвата за оние кои нас нѐ критикуваат, и треба да молиме Господ да го реши тој проблем. Вториот е многу практичен, за да избегнете оговарање треба да се гризнете за јазикот – рече Светиот Отец, а по заврвшувањето на светата Миса се заблагодари на сите за гостопримството и им посака плоден пост, а во молитвите ја препорача Црквата и самиот себе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот