Папата Фрањо: Војната е страшна, но не смееме да се предадеме

Папата Фрањо: Војната е страшна, но не смееме да се предадеме

Примајќи ја во Ватикан делегацијата на Институтот за меѓународни студии од Саламанка, Папата истакна дека треба да продолжиме да напредуваме на патот на мирот, љубовта, братството и вистинскиот хуманизам, кој се раѓа од верата, ја победува омразата, отфрлањето и бруталноста

Соочени со ужасите на војната, она што изгледа како пораз и причина за срам, може како искушението на крстот, да се претвори во победа. Дури и кога изгледа дека во конфликтот омразата победува над љубовта, потребно е да се изнајдат решенија, да се обедини волјата и на тој начин да дадеме свој придонес во градењето на мирот – рече папата Фрањо примајќи ја во четврток 26 јануари 2023 година делегацијата на Институтот за меѓународни студии (EIIS) од Саламанка.

Мирот е суштинско добро

Изразувајќи ја својата радост што може повторно да ги прими овие научници и истражувачи, Светиот Отец потсети дека градот каде што тој бил бискуп отсекогаш бил место за средба. Затоа, во својот говор се задржа на важноста на мирот, на фактот дека тој го надминува она што може да се постигне само со човечки средства и дека тој е универзална вредност, суштинско добро за луѓето од сите времиња. Мир кој не може да се ограничи само на логиката на моќта.

Тој мир не само што оди подалеку од она што можеме да го постигнеме само со човечки средства, туку исто така бара од нас да не се заснова само на рамнотежата на силите или на замолчување на праведните претензии на послабите. Сепак, мирот меѓу луѓето е суштинско добро за кое треба усрдно да работиме и усрдно да Му се молиме на Бога.

Цитирајќи ја енцикликата „Fratelli tutti“, Папата повторно нагласи дека војната е неуспех на политиката и човештвото, срамно предавство, пораз пред силите на злото.

Во потрагата по мир нема одмор

Римскиот епископ потоа потсети дека минатиот век го одбележаа два светски конфликти, и овој сегашниот – додаде тој – е светска војна. Покрај тоа, тој повторно предупреди на прекумерните трошоци за производство на оружје, чиј потенцијал се зголемува, способен да уништи цели градови.

Ако помислиме дека најважен буџет е производството на оружје, а со само една година без негово производство би се решил проблемот со глад во целиот свет. (…) И ако мислиме дека денес технологијата на оружје е достигната до таа точка што цел ваков град може да се уништи само со една бомба, што можеме да очекуваме? Се движиме во таа насока, но изгледа дека тоа не се сфаќа. Затоа борбата за разбирање меѓу луѓето и за мир треба да биде неуморна, не можеме за ова да си дозволиме годишен одмор.

Молитва и работа за надминување на војната

Папата Фрањо потоа упати силен апел до совеста на секој човек да не се чувствува поразен од ужасите на војната. Неуспехот на конфликтот на тој начин може да стане „животна лекција“; војната е страшна, но нè води во предизвик да се залагаме за љубовта да победи над омразата, братството над отфрлањето и вистинскиот хуманизам над суровоста.

Војната е страшна. Сепак, не смееме да се откажеме, од тој пепел може да се роди нешто ново, во тој неуспех можеме да најдеме животна лекција. Она што изгледа како пораз и причина за срам, може, како искушението на крстот, да се претвори во победа. Како? Ако со нашата молитва и нашата работа успееме да дадеме решенија, да ја соединиме волјата, да сведочиме дека љубовта, братството и вистинскиот хуманизам, кои се раѓаат од верата, ги победуваат омразата, отфрлањето и суровоста.

Институтот за меѓународни студии во Саламанка

Европскиот институт за меѓународни студии е центар за истражување и обука за меѓународни односи чија работа се фокусира на дипломатијата, глобалното владеење, одржливиот развој и економскиот раст. Институтот им обезбедува на своите студенти комплетно образование со вредности и принципи кои ќе им бидат потребни во нивниот професионален живот, секогаш во перспектива на општествена одговорност. Институцијата нуди и независен форум за дијалог меѓу меѓународните организации, министерствата за надворешни работи и академските институции, ефикасно поддржувајќи го развојот на заемно корисни решенија.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот