Папата Фрањо: Верата без дела е мртва

Папата Фрањо: Верата без дела е мртва

Во катехезата на Генералната аудиенција на 19 октомври 2016 година на плоштадот Свети Петар, Папата говореше за конкретниот ангажман на верникот во практикувањето на милосрдието, посебно осврнувајќи се за: нахрани го гладниот, напој го жедниот.

Една од последиците на таканаречената „благосостојба“ е личноста да се затвори во себе и да остане нечувствителна за потребите на другите – се зборовите на Светиот Отец со кои веднаш после поздравот ја започна денешната катехеза. Папата Фрањо на верниците како и на другите луѓе со добра волја вниманието им го сврте на тоа дека денес се прави сѐ за да се претстават минливите модели на живот кои исчезнуваат по само неколку години, како нашиот живот да е мода која треба да се следи и да се менува со сезоните.

Говореше и за тоа дека реалноста треба да се прифати онаква каква што е, како таква треба да се соочиме, а неретко се наоѓаме во ситуација на итни потреби, што воедно е и причина зошто меѓу делата на милосрдието се спомнуваат гладот и жедта: нахрани го гладните и напој ги жедните. Колку пати медиумите ни говорат за оние кои трпат заради недостаток на храна и вода како и за сериозните последици кои произлегуваат од тоа – посебно за децата.

Соочена со последните вести, а посебно со некои слики јавноста се чувствува допрена и од време на време поттикнува и организира иницијативи на солидарност. Великодушните донации кои се скапи можат да го ублажат страдањето на многумина. Иако тој облик на љубов е важен – смета Папата – нѐ не ангажира директно. Меѓутоа кога одејќи по улицата сретнеме човек во потреба или сиромашен кој ни чука на вратата, тоа многу се разликува од она претходно затоа што веќе не стојам пред слика, туку лично сум вклучен.

Апстрактното сиромаштво нѐ не придвижува толку лично; но кога ќе се сретнеме конкретно во телото на маж, жена или дете, тогаш тоа лично нѐ ангажира. Кога повеќе нема растојание помеѓу мене и сиромашниот; се прашувам во такви случаи каква е мојата реакција: Го свртувам ли погледот на другата страна и продолжувам; или застанувам, разговарам и се интересирам за тој човек?! Ако тоа и го направиш сигурно ќе се најде некој кој ќе каже дека си луд кога разговараш со „клошар“ – рече Папата додавајќи:

„Дали гледам како можам да го прифатам тој човек и да му помогнам или на секој начин се обидувам што побрзо да се ослободам? Но, можеби тој човек го бара она неопходното: нешто да јаде и да пие.“ Потоа ги повика присутните да се запрашаат: колку пати молиме „Оче наш“, а всушност не сме обратиле внимание на зборовите: „Лебот наш насушен дај ни го денес“ – нагласи папата Фрањо.

Од Библијата знаеме дека Бог е Оној Кој „дава храна на секое тело“ (Псал 135, 25). Искуството на гладот е тешко. Тоа го знаат оние кои преживеале време на војна или глад. Па, сепак – рече Папата – тоа искуство и понатаму се повторува секој ден во близина на богаство и расипништво. Папата Фрањо потсети на зборовите на апостол Јаков кој секогаш се актуелни: ако од верата не следат дела, тогаш таа вера во себе е мртва (2, 14-17). Секогаш постои некој кој е гладен и жеден и има потреба од мене. Никој не може за тоа да се „овласти“. Овој кутар има потреба од мене; мојата помош, мојот збор, мојата ангажираност – рече Папата.

Светиот Отец потсети и на сцената во која Исус, гледајќи големо мноштво народ, ги прашува учениците: „Од каде да купиме леб, за да јадат овие?“ (Ив 6, 5) А учениците одговориле: „Невозможно е за толку, подобро е да ги отпуштиш…“ А Исус им вели: Не, дајте им вие да јадат“ (Мт 14, 16) – рече папата Фрањо и укажа на тоа дека – она малку што го имаме ако го довериме во Исусовите раце, а меѓусебно го поделиме со вера станува изобилно.

Светиот Отец се надоврза и на папата Бенедикт XVI. кој во својата енциклика „Љубов во вистината“ пишува дека да се даде храна на гладните е етички имепратив на Црквата и дека правото на храна и вода со останатите права кои ги следат имаат важна улога. Потребно е да созрее совеста за солидарност за да се соочуваат правата на пристап до храна и вода како универзални права на секое човечко битие без разлики и дискриминација (CV бр. 27). Да не ги заборавиме Исусовите зборови: „Јас сум лебот на животот“ (Ив 6, 35) и „Кој е жеден нека дојде при Мене да пие“ (Ив 7, 37)

За сите нас верниците тоа е провокација за да го препознаеме тоа, од тоа што ги храниме гладните и ги напојуваме жедните зависи нашиот однос со Бог; Бог кој своето милосрдно лице го објави во Исус – рече на крајот од својата катехеза папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот