Папата Фрањо: Братството е начин на кој се создава историјата

Папата Фрањо: Братството е начин на кој се создава историјата

На 8 и 9 ноември, универизтетот „Georgetown и La Civiltà Cattolica организираат конференција посветена на културата на средба. Тоа е вредност, повторно потврдува Папата, за која вреди да се вложуваат сите напори, затоа што дијалогот и почитувањето „се начинот на градење на иднината.“

Во светот како нашиот современ кој исто така „знае да ги умножува врските“, „тешко се слушаме и разбираме“. Затоа дијалогот е и останува „автентичен израз на човечкото, патот кој заслужува стрпливост за компетенцијата да се претвори во соработка.“ Таа е една од мислите кои Папата ги сподели во писмото упатено до „Berkley Center for Religion, Peace, and World Affairs“ на универзитетот Georgetown и спсаиението La Civiltà Cattolica, организатори на конференцијата на тема „The Culture of Encounter: The Future of Intercultural and Interreligious Dialogue“, планирана да се одржи во Рим, во Вила Малта од 8 до 9 ноември.

Во срцето на енцикликата Fratelli tutti

Настанот има за цел да ја прослави првата годишнина од енцикликата Fratelli tutti и да го истражи значењето и импликациите на културата на средба за Црквата и светот. Програмските говори се доверени на кардиналите Луис Антонио Тагле и Мигуел Ангел Ајус Гуиксот, односно префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите и претседателот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.

Во текот на три заседавања ќе бидат обработени новитетите во енцикликата која Папата ја потпиша на 3 октомври минатата година во Асизи и Документот за човечкото братство за мир во светот и заеднички живот, кои Фрањо и големиот имам Ал-Азхар го потпишаа во Абу Даби на 4 февруари 2019 година.

Вложување напор за дијалог

Папата им се заблагодарува на промоторите на средбата на нивната посветеност на „клучното прашање“ – кое како што пишува, „за многумина да станат учители и стручњаци на културата која поттикнува меѓусебно разбирање – и повторно го покренува повикот за вложување напори во „одгледување на отвореност со почитување кон другите, признавајќи ги нивните основи права и слободи“, бидејќи „тоа е начинот заедно да ја градиме иднината“. Братството, „сфатено во неговата најдлабока смисла – заклучува Папата – всушност е начин на кој се создава историјата, задача на која ве повикувам одлучно да се заложите.“

Од своја страна, организаторите потсетуваат дека културата на средба е препознатлива особина на Хорхе Марија Бергољо уште од неговото искуство како Исусовец и надбискуп на Буенос Аирес. Тоа е концепт кој ја нагласува важноста на понизноста, великодушноста и трпението како темели за продуктивен дијалог, способен да ги надмине културните, религиските и политичките поделби.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот