Папата Фрањо: Бог секогаш е верен

Треба да се надеваме на Господ и во најтешките моменти – поттикна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 25 ноември во капелата во домот Света Марта. Папата истакна дека христијаните се повикани на конечен избор, така нѐ учат и мачениците од секој период.. И денес има – како што рече – прогонувани браќа и сестри кои ни се пример и не поттикнуваат целосно да се довериме на Бог.

Коментирајќи го првото литургиско читање, од Книгата на пророк Даниил, и делот од Евангелието, во кој се говори за млади Евреи кои се робови на вавилонскиот цар Навуходоносор и за вдовица која оди во храмот за да му се поклони на Господ, Папата рече дека станува збор за тешка животна ситуација: многу сиромашна вдовица и млади во ропство. Вдовицата пушта во црковната каса сѐ што има, а младите по цена на животот останале верни на Бог.

И вдовицата и младите ризикувале. Во својот ризик, великодушно, без посебен интерес, без калкулации, се одлучиле за Господ. Не биле ограничени. Бог е сѐ. Господ е Бог и на Него се довериле. Но тоа не го направиле со присила. Постои нешто друго: му се довериле на Господ, бидејќи знаеле дека Тој е верен. Се довериле на вечна верност, бидејќи Господ не може да се менува, не може: верен е, не може да биде неверен, не може да се негира самиот Себе – објасни папата Фрањо.

Довербата во Господ – продолжи Папата – ги поттикнало да се определат за Господ, затоа што знаат дека е верен. Тоа определување вреди во мали и големи, тешки одлуки. И во Црквата, во нејзината историја, има мажи, жена, стари и млади кои донесуваат такви одлуки. Кога ќе го погледнеме животот на мачениците, кога во весниците читаме за денешните прогони на христијаните, мислиме на тие браќа и сестри во тешки ситуации, кои донесуваат конечни одлуки. Тие живеат во наше време. Тие се пример за нас и нѐ поттикнуваат во црковната каса да пуштиме што имаме – кажа Папата.

Господ и помага на младите Евреи да излезат од тешкотиите, исто така и на вдовицата. Исус ја пофалува, а по пофалбата следува победа. Би ни користело да размислуваме за браќата и сестрите кои во наше време донесуваат конечни одлуки. А да размислуваме и за многу мајки и татковци, семејства кои секој ден донесуваат конечни одлуки да одат напред со своето семејство; со своите деца. Тие се благодат за Црквата, а за нас сведоци; пред толку многу сведоци да молиме од Господ милост, храброст за да напредуваме во својот христијански живот; во секојдневните, обични тешкотии, но и во крајни ситуации – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот