Папата Фрањо: Бог не се објавува на бучни места

Единствено тишината го чува таинството на патот, кој човекот го поминува со Бог – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 20 декември во капелата на домот Света Марта, додавајќи дека Бог ни дава милост да ја засакаме тишината, која треба да ја зачуваме од јавноста.

Во историјата на спасението Бог не сакал на човекот да му се објави на бучни места, туку на места во темнина и тишина. Коментирајќи ги литургиските читања, посебно делот од Евангелието каде ангелот и говори на Марија дека моќта на Севишниот ќе ја осени, Папата потесети дека Бог со истата сенка од облакот ги штител Евреите во пустината.

Бог секогаш се грижи за таинството и го сокрива и не го пропагирал. Кога некое таинство се саморекламира во јавноста, тогаш не е христијанство, не е од Бог, туку е привид на таинство! Тоа што гледаме што се случило со Богородица, прифаќањето на својот Син, е таинство кое останало скришно; и тоа целиот живот. А Таа се знаела. Во нашиот живот Божјата сенка ни помага да го откриеме своето таинство, мистеријата на нашата средба со Бог, нашето таинство на животниот пат со Господ – рече папата Фрањо.

Секој од нас знае дека Бог таинствено делува во нашето срце, во нашата душа. А со каков облак, односно моќ – и на кој начин – Светиот Дух ја сокрива нашата тајна? – праша Папата давајќи веднаш одговор:

Во нас, во нашиот живот таа сенка се нарекува тишина: таа е всушност облак кој ја прекрива тајната на нашиот однос со Бог; нашата светост како и нашите гревови. Тоа таинство нема да се објасни. Но ако во нашиот живот нема тишина тогаш таинството се губи, исчезнува. Таинството треба да се чува во тишина. Тоа е облак, Божја моќ за нас, сила на Светиот Дух – објасни папата Фрањо.

Мајка Божја била совршена слика на тишина. Од навестувањето на нејзиното одбрано мајчинство сѐ до Голгота. Размислувам за нејзината тишина и чувањето на таинството на односот со својот Син, сѐ до најмачната тишина „покрај Крстот“ – кажа Светиот Отец.

Евангелието ништо не ни говори за тоа, дали говорела… дали молчела, но тајно во своето срце многу работи му говорела на Бог. Тогаш ми кажа дека ќе биде голем – тоа е она што го слушнавме во делот – дека ќе му го дадеш престолот на Давид, неговиот Татко, дека засекогаш ќе владее, а сега го гледам на крстот. Богородица била човечко битие. А можеби дури сакала и да каже: сето тоа е лага! Измамена сум! – вели блажен Иван Павле II говорејќи за Богородица. Но таа во својата тајност, во тишина го чувала таинството кое не го сфаќала и му овозможила да расте и цвета во надеж.

Тишината го штити таинството, затоа таинството на „нашиот однос со Бог, нашиот пат, нашето спасение – кажа Папата – не може да се покажува на свеж воздух, да се изнесува во јавноста. Нека Господ ни подели милост да ја засакаме тишината; да ја бараме, и облакот на тишнината да ни го чува срцето – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот