Папата Фрањо: Бог може да ја претвори кризата во нов хоризонт

Папата Фрањо: Бог може да ја претвори кризата во нов хоризонт

Во своето пладневно обраќање на четвртата и последна недела од Адвент, папата Фрањо се осврна на ликот на Јосиф кој знаел да се откаже од неговата пријатна сигурност, отворајќи се себеси за иднината што треба да се открие: „Тој верува, прифаќа, подготвен е, не бара други гаранции“

Во своето пладневно обраќање пред молитвата Ангел Господов, во недела 18 декември 2022 година, папата Фрањо го посвети својот говор на ликот на Свети Јосиф, човек чии соништа ненадејно беа уништени по „вознемирувачкото откритие“ дека Марија очекува дете кое не е негово.

Што чувствувал Јосиф? Збунетост, болка, изгубеноsт, можеби непријатност и разочарување… Светот се руши врз него!

Одлуката на Јосф

Да ја осуди Марија за наводно неверство или потајно да ја прекине свршувачката, без да биде изложена на соблазна?

Јосиф го избира второто: патот на милосрдието. Кога одеднаш, среде таа криза, токму кога размислуваше и го осудуваше сето тоа, Бог запали нова светлина во неговото срце: во сон му објави дека мајчинството на Марија не е резултат на измама, туку дека е дело на Светиот Дух, а Детето што ќе се роди е Спасителот (сп. р. 20-21). Марија ќе биде мајка на Месијата, а тој ќе биде негов чувар. Кога се разбудил, Јосиф сфатил дека најголемиот сон на секој побожен Израелец – да биде очув на Месијата – за него се остварува на сосема неочекуван начин.

Верува и прифаќа

Пред оправданите очекувања на идниот сопруг, пред плановите од соништата, Јосиф – истакна Папата – се отвора за нови хоризонти.

Јосиф ќе мора да се откаже од своите пријатни сигурности, од неговите совршени планови, од неговите легитимни очекувања и да се отвори за иднината што треба да се открие. Пред Бога, кој ги нарушува плановите и бара да му се верува, Јосиф одговара со „да“. Неговата храброст е херојска и се остварува во тишина: верува, прифаќа, се става на располагање, не бара други гаранции.

Не препуштајте се на негативни чувства, прифатете ги изненадувањата во животот

Божиќ може да биде време – истакна Папата – во кое желбата да се остварат соништата е некако уште посилна.

Можеме да жалиме за некои скршени соништа и да видиме дека најдобрите очекувања честопати треба да се соочат со неочекувани, вознемирувачки ситуации. Кога тоа ќе се случи, Јосиф ни го покажува патот по кој треба да одиме: не смееме да подлегнеме на негативните чувства, како што се гневот и затвореноста, тоа е погрешен пат! Напротив, неопходно е да се прифатат изненадувањата во животот, па и кризите.

Мерка е милосрдието

Нека Дева Марија ни помогне да живееме отворено за Божјите изненадувања! – рече Папата. Затоа што Бог нè надминува и знае да „измисли“ хоризонти кои се бескрајно пошироки и поубави од нашите.

Кога сме во криза, не треба да одлучуваме набрзина и инстинктивно, туку треба да се стави на решето, како што тоа го правеше Јосиф, за сѐ треба внимателно да размислиме и да се повикуваме на основниот критериум: Божјото милосрдие. Кога во криза не подлегнуваме на затвореноста, гневот и стравот, туку ја држиме вратата отворена за Бога, Тој може да дејствува. Тој е многу искусен и вешт во претворањето на кризите во соништа: така, Бог ги отвора кризите за нови перспективи, можеби не како што очекуваме, туку како што Тој знае.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот