Папата: Учењата на црковните учителки му нудат светлина и надеж на светот

Папата: Учењата на црковните учителки му нудат светлина и надеж на светот

Во пораката до учесниците на Меѓународната академска конференција за црковните учители и сопокровители на Европа, папата Фрањо рече дека учењата на овие светци се особено правовремени поради нивната трајна длабочина и релевантност.

Примерите на Света Тереза од Авила, Катерина од Сиена, Тереза од Лисие и Хилдегард од Бинген, Света Бригита од Шведска и Тереза Бенедикта од Крстот нагласуваат некои од елементите што ја сочинуваат женственоста толку многу потребна на Црквата и светот, рече папата Фрањо во пораката на 8 март до учесниците на Меѓународната академска конференција за црковни учители и сопокровители на Европа.

Папата истакна дека извонредните учења на овие светци се особено навремени поради нивната трајна длабочина и релевантност, кои во сегашните околности можат да му понудат светлина и надеж на нашиот расцепкан и нестабилен свет.

Тој напомена дека сите овие жени дадоа сведоштво за свет живот, учејќи се да бидат послушни на Светиот Дух преку благодатта на крштението, црпејќи сила од Божјата љубов која ги исполни нивните срца.

Понатаму, папата Фрањо истакна дека денешниот свет препознава дека на сите жени треба да им се врати достоинството и внатрешната вредност со која Создателот ги обдарил.

Во црковните учителки и покровителки на Европа можеме да ги видиме елементите што ја сочинуваат женственоста што толку многу и е потребна на Црквата и светот, рече Папата, осврнувајќи се на нивната храброст во соочувањето со тешкотиите; способноста да бидат практични, природна желба да се промовира она што е најубаво и најчовечко според Божјиот план и далековидна, пророчка визија за светот и историјата, што ги направи сејачи на надеж и градители на иднината.

Светиот Отец ја истакна и нивната голема љубов кон Црквата и Папата, препознавајќи го нивниот повик да помагаат во лекувањето на гревовите и страдањата во времето во кое живееле.

Папата ја заврши пораката со надеж дека конференцијата може да го поттикне промовирањето на „женската светост“ што ги прави Црквата и светот многу плодни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот