Папата упати честитка до Црквата во Чиле

Папата упати честитка до Црквата во Чиле

Папата Фрањо, по потекло од соседна Аргентина, испрати своерачно напишана честитка до Црквата во Чиле, која слави половина милениум христијанство.

Честитката на Папата е прочитана на 8 ноември за време на неделната света Литургија во најголемиот град и пристаниште на југот од Чиле, Пунто Аренас, каде на 11 ноември 1520 година е служена првата света Литургија на чилеанско тло.

Во писмото кое го прочита локалниот епископ Бернардо Бастрес Флоренцо, Папата го нарекува 11 ноември 1520 година историски ден за цело Чиле, кога „Бог влезе во земјата од југ“ осврнувајќи се на бискупското мото. На таа света Литургија која е служена за едноставна експедиција во непозната земја е родена чилеанската Црква. И покрај тоа што поради пандемијата јубилејот не може да се прослави многу свечено, не постојат ограничувања за благодарност – истакнува Папата во писмото прочитано на светата Литургија, која поради епидемиолошките мерки е служена со мал број верници, но преку директен пренос имаше можност да се има увид во славењето.

Доаѓањето на Евангелието во денешно Чиле, во Патагонија, е поврзано со португалскиот истражувач Фернандо Магелан. Пунта Аренас имено лежи на полуостровот Брунсвик, во централниот дел на сегашниот Магеланов премин. Магелан и самиот присуствувал на таа прва света Литургија, која ја предводел духовникот на експедицијата, Педро Валдерама.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот