Папата упати телеграма со сочувство по повод атентатот во Бостон

Ватикан, 16.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо упати телеграма со сочувство по повод атентатот кој се случи вчера во Бостон за време на градскиот маратон. Во телеграмата упатена до бостонскиот архиепископ кардинал Сеан О’Мали Папата изразува длабока жалост за загубените човечки животи, како и за ранетите, а нападот го нарече „бесмислена трагедија“. Папата се моли за вечен покој на жртвите, како и за утеха од Господ за сите кои страдаат и да им даде сила на сите кои учествуваат во операциите за спасување. Во овој болен час, се вели на крајот од телеграмата, Светиот Отец ги моли граѓаните на Бостон да не дозволат да ги надвладее злото, туку против злото да се борат со добро и да работат заедно за изградба на поправедно, послободно и посигурно општество.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<