Папата упати телеграма со сочувство за атентатот во Минхен

Светиот Отец до надбискупот на Минхен и Фрајзинг кардинал Рајнхард Маркс упати телеграма со сочувство за жртвите од атентатот во Минхен кој се случи во петокот на 22 јули 2016 година.

Папата Фрањо со неверување ја прими веста за страшниот чин на насилство кој го погоди Минхен, каде што различни луѓе посебно млади го загубија животот, додека други се тешко повредени. Светиот Отец сочувствува во болката на преживеаните и ја изразува својата близина до оние кои трпат. Во молитвата жртвите ги доверува на Божјото милосрдие.“

Папата изразува длабоко сочувство до сите погодени од овој напад заблагодарувајќи се на полицијата и брзата помош за нивното грижливо и великодушно заземање. Папата Фрањо го моли Христос Господарот на животот на сите да им даде мир и утеха и како залог на надеж на сите им го поделува својот Апостолски благослов – стои во телеграмата со сочувство која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот